[ФОТО] Бака Прасе откри на кого мора да исплаќа 14.000 евра секој први во месецот

Точка

30/04/2024

17:02

8.217

Големина на фонт

а а а

Јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, открил дека месечно има трошоци од 14.000 евра.

Имено, Бака Прасе на стори на неговиот „Instagram“ профил објавил голема сума пари наредени на маса и објаснил на што троши толку пари.

„Плати и трошоци … 14.000 евра секој први во месецот“, напишал Богдан.


Да потсетиме, Бака Прасе неодамна ја измамил јавноста дека е во долгови.

Иако изминатите денови говорел дека ги продал своите скапоцени автомобили за да ги врати парите кои ги позајмил од криминалците, Илиќ овојпат се огласил на својот „You Tube“ канал и открил дека зад сето тоа стои голема лага.

„Искрено, се срамам што го снимам ова видео, но немам избор. Бев многу глупав и потрошив многу пари, направив голема глупост. Немаше да го снимам ова видео ако имав друг избор, но ова е единствениот начин да се извлечам од ситуацијата во која сум. Како што знаете, јас многу се коцкам во последно време и тоа се претвори во малку посериозна приказна – изгубив 200 илјади евра. Направив мала пауза за да земам оддишка, но не можам да го извадам тоа од глава“, изјавил јутјуберот, па продолжил:


„Продолжив да се коцкам со уште 500 илјади евра и изгубив сè. Овој пат ми требате. Отидов кај луѓе кои даваат пари на камата и зедов голема сума. Ги потрошив сите пари и бев принуден да го продадам автомобилот. Вратив 270 илјади евра и ми останаа уште 450 илјади евра долгови. Вие сте ми неопходни во овој момент. Направив голема глупост, другарите престанаа да се дружат со мене затоа што не сакаа проблеми. Ања ме остави“, додал тој.

Но, потоа призна дека приказната не е баш таква. Имено, успешниот јутјубер тврди дека дал десетици илјади евра на луѓе на кои им е најпотребна помош – децата и ранливите семејства.

Прво, тој ѝ донирал пари на малата Анѓелина, која има здравствени проблеми од самото раѓање. По нејзиното семејство, тој ги посетил и другите за кои сметал дека имаат најголема потреба од помош.


И покрај тоа што овој негов гест е исклучително хуман, начинот на кој побарал помош и ја измамил јавноста – разгневил многумина.

Ова не е првпат Илиќ да ја лаже и заведува јавноста, а би се рекло дека сега се надминал себеси.




Спонзорирани линкови

Маркетинг