Турција даде зелено светло: Добивме одобрение за екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо, објави Лога

Макфакс

30/04/2024

16:24

1.848

Големина на фонт

а а а

Министерството за правда известува дека е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена.

Министерот за правда Кренар Лога на социјалните мрежи потврди дека е дозволена екстрадиција на Палевски.

Почитувани граѓани и непочитуван г. Ковачки,

Ве информирам дека денес со официјална информација од Република Турција...

Posted by Krenar Lloga on Tuesday, April 30, 2024

„Ве информирам дека денес со официјална информација од Република Турција добивме одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски. Позитивниот исход на постапката произлегува после сите максимално преземени мерки и активности од делокругот на надлежности на Министерството за правда.“

Љупчо Палевски е осомничен за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг