Американскиот рапер Куаво (33) настапил пред речиси празна арена во Хартфорд, Конектикат. На интернет беа објавени снимки од концертот, а според податоците на странските медиуми, во арената имало само околу 75 луѓе.
Од видеата се гледа дека најголемиот дел од публиката стоела во првите редови пред бината, а дел од нив биле и на трибините. По објавувањето на снимките, многумина помислиле дека се работи за шега и дека тие всушност биле снимени пред да започне концертот. Но, во подоцнежните видеа е јасно дека Куаво пее пред мал број луѓе.
Секако, интернетот има луда теорија зошто немало луѓе на концертот во арената, чиј капацитет е нешто повеќе од 5700 лица. На социјалните мрежи, фановите започнаа да шпекулираат дека Крис Браун ги купил преостанатите билети за да се погрижи салата да изгледа празно.
Куаво и Крис Браун се во кавга и си упатуваат многу критики еден кон друг во последните неколку години. Затоа, фановите брзо дошле до заклучок дека Крис е одговорен за овој дебакл. Други, пак, пишувале дека Браун не е виновен за ништо и дека Куаво нема публика во тој град.
И покрај гласините, нема докази дека Браун стои зад малиот број на посетители.