Социјалните мрежи ни носат многу работи, а најмногу простор е отстапен за истражувачите на личното задоволство или незадоволство на одредени работи.
Така било и во овој случај. Имено, еден Шпанец одлучил да прошета во центарот на главниот град на Албанија, откако со сите го споделил својот впечаток за самата Тирана.
Тој снимил видео кое потоа го споделил на својот Инстаграм профил со опис којшто не само што привлекол многу внимание туку предизвикал и урнебесни реакции.
Ja ću se srušiti;
— Šušumiga 🎮 (@savke_davke) April 23, 2024
Frend iz Španije na insta 😂😭😭😭😭😭😭 pic.twitter.com/l3b4Bhn1Vb
Описот на видеото е впечатокот којшто на него го оставил главниот град на Албанија, а гласел:
„Веројатно најгрдиот град којшто некогаш сум го видел“.
Негативниот впечаток на Шпанецот го составиле необичните згради кои ги нарекол „архитектонски аберации“.
Видеото завршило на социјалната мрежа „X“ каде луѓето го коментирале:
„Ќе го честам пијалак“, „Крај“, „Јас ќе се онесвестам“...