[ВИДЕО] Луѓето шокирани од храброста на овие кучиња! Скокнале во морето за да избркаат ајкула

Точка

17/04/2024

21:44

3.969

Големина на фонт

а а а

Видео објавено на социјалните мрежи претставува две кучиња кои скокаат во море за да избркаат ајкула од плиткото.

Помала ајкула пливала во близина на брегот, кога видела две кучиња.

Во истата секунда скокнале во морето по неа, а едното од нив нурнало и со заби ја фатило ајкулата за опашката. Дури по неколку секунди ја пуштило, по што ајкулата побегнала, а кучето излегло на површината.

Не е познато каде точно настанало видеото, но луѓето биле шокирани од снимката и почнале да ја споделуваат на Фејсбук.

Многумина истакнале дека ги изненадила реакцијата на луѓето кои не ги спречиле кучињата да влезат во водата по ајкулата.

„Ако тргнеше ајкулата да се брани, работата ќе беше многу поинаква“, „Чувајте ги своите миленици, нема да ви биде забавно ако видите како ајкула го напаѓа вашето куче“, биле некои од коментарите.

Shark gets bitten by a diving dog 😱😳🤯

Posted by Dog Trainer Cebu on Friday 12 April 2024



Спонзорирани линкови

Маркетинг