Дали знаете што значат ознаките EDT и EDP на парфемските шишиња?

Точка

17/04/2024

20:51

7.734

Големина на фонт

а а а

Доколку сè уште ве збунуваат овие ознаки кога бирате парфем, еве за што се работи и како да го купите најдолготрајниот мирис.

На секој парфем се наоѓаат ознаките EDT и EDP, кои доста зборуваат за квалитетот на мирисот. Разликата во ознаките е важна, а тие се всушност кратенки од називите за парфем „Eau de Parfum“ (EDP) и за тоалетна вода „Eau de Toilette“ (EDT).


Со ознаките се прави разлика помеѓу тоалетна вода и парфемска вода, кои се разликуваат по концентрацијата на мирисот. Многу луѓе не ги поврзуваат овие ознаки со тоа, а иако е јасно дека парфемот е поинтензивен, доволно зборуваат за тоа и следните бројки.

Како што објаснува експертката за парфеми Мери Волес, во тоалетната вода концентрацијата на мирисот е помеѓу 8 и 12 проценти, додека кај парфемите е помеѓу 12 и 18 проценти. Таа додава дека оваа концентрација може да варира од бренд до бренд, но без разлика на точната бројка, концентрацијата на мирисот секогаш ќе биде поголема кај парфемите.


Мери забележува дека тоалетната вода е често поблага и посвежа, додека парфемот е подолготраен и побогат. Таа препорачува тоалетна вода за дневни прилики, додека парфемите, според неа, треба да се резервирани за вечерните и специјални прилики. Треба да се земе предвид и температурата, како и годишното време. Тоалетната вода е посоодветна за влажна клима, додека парфемот е посоодветен за постуденото време.

Омилениот мирис треба да го следи вашиот животен стил, како и годишното време и приликата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг