[ФОТО] До стотка за 3,3 секунди! Италијанската полиција доби уште побрзо „Lamborghini“

Точка

17/04/2024

18:31

5.061

Големина на фонт

а а а

Веќе 20 години италијанската полиција во својот возен парк поседува автомобили од марката „Lamborghini“. Овие возила се користат за екстремно ургентни ситуации како итен пренос на човечки органи и плазма. Оваа година на полицијата и е доделен шестиот „Lamborghini Urus Performante“ кој достигнува брзина од 100 километри на час за 3,3 секунди.

Италијанската полиција оваа година го збогати својот возен парк со шесто „Lamborghini“. Во однос на оние кои се наоѓаат во продажба, „Urus“-от кој и е доделен на полицијата поседува видео-камера која чита таблички на автомобили, таблет кој поседува интерна база на податоци како и дефибрилатор за помош на лица во животна опасност.

На кровот се наоѓа светлосна лента со сино лед светло од 360 степени и електрична сирена. Под хаубата е направена вдлабнатина за транспорт на човечки органи и ткива, што денес е една од главните работи за кои италијанската полиција ги користи брзите автомобили.

Oggi è l'ultimo giorno per ammirare da avvicino le nostre #Lamborghini e scattare una foto ricordo, in piazza del...

Posted by Polizia di Stato on Saturday 13 April 2024

Првиот „Lamborghini“ со сино-бела боја по која се познава италијанската полиција, станал дел од нејзиниот возен парк во 2004-та година и станува збор за „Lamborghini Gallardo“, по што пристигнале и „Lamborghini Huracan LP610-4“ и „SUV“ „Urus“ кој е во состојба да достигне максимална брзина од 306 км/ч и развива 100 км/ч за 3,3 секунди благодарение на моторот „V8“ од 666 коњски сили и 850 Nm.

Овој „Urus“ е комплетно уреден од страна на техничарите од „Santa Agata Bolognese“.

Пред неколку дена италијанската државна полиција прослави 172 години постоење.




Спонзорирани линкови

Маркетинг