[ВИДЕО] На нивниот планетарно популарен хит „Aserejé“ танцуваа сите, а еве како изгледаат денес

Точка

17/04/2024

19:00

4.733

Големина на фонт

а а а

Вака денес изгледаат девојките од групата „Las Ketchup“.

Пред повеќе од 20 години, еден од најпопуларните хитови беше „The Ketchup Song“, познат и како „Aserejé“ на групата „Las Ketchup“.

Две децении подоцна сите се прашуваат што се случи со девојките кои стекнаа светска слава и исчезнаа. Нивната песна доби рекордна популарност и беше продадена во повеќе од 7 милиони примероци. Групата ја сочинуваа сестрите Лусија, Лола и Пилар Муњоз, а малку се оние кои не го знаеја напамет придружниот танц заедно со песната.

Иако се повлекоа од јавниот свет и се посветија на семејниот живот, членките на познатата група направија неколку исклучоци. Во 2006 година тие ја претставуваа Шпанија на Евровизија, потоа одржаа уште неколку настапи, а сега во родната земја излегоа на сцената и повторно го изведоа познатиот хит.

Еве како изгледаат денес:



Спонзорирани линкови

Маркетинг